Кина: Суспендирањето на членството на Русија во Советот на ОН ќе го влоши јазот меѓу земјите-членки

од Vladimir Zorba
190 прегледи

„Процесот на подготовка на резолуција за суспензија на членството на Русија во Советот за човекови права на ОН не беше отворен и транспарентен, немаше консултации со сите земји-членки и таквиот пристап само ќе го влоши расколот во Советот“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи – Жао Лиџијан.

Тој оцени дека таквиот пристап само ќе го продлабочи јазот меѓу земјите-членки, ќе ги зголеми противречностите меѓу страните и ќе долее масло на огнот, пренесе РИА Новости.

Жао истакна дека тоа нема да придонесе за деескалација на конфликтот и мировните преговори.

Тој додаде дека Кина се противи на политизацијата на прашањата за човековите права и се противи на користењето на ова прашање за притисок врз другите земји.