376
Од МВР информираат дека утринава, во тетовскот село Селце, син со секира ја убил својата мајка.
-Полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село, кој се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил Н.Д. неговата 73-годишна мајка.Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. По наредба на Јавен обвинител, безживотното тело на Н.Д. предадено е за обдукција, информира од СВР Тетово.