Јапонските власти воведоа забрана за нови инвестиции во Русија поради ситуацијата во Украина, изјави денеска премиерот Фумио Кишида.
„Воведуваме забрана за нови инвестиции во Русија. Мерките ќе бидат усогласени во соработка со земјите од Г7“, рече тој, пренесе ТАСС.
Јапонските власти ќе воведат санкции и против 400 или повеќе руски државјани и 20 руски организации.