Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски брз почеток на процесот на пристапување во ЕУ.
Таа на Зеленски му врачи прашалник што ја означува почетната точка за одлуката на ЕУ за членството на Киев.
„Нема да бидат потребни, како и обично, неколку години за да се формира мислење, туку неколку недели“, рече фон дер Лајен.
Зеленски изјави дека одговорот ќе го достави за неколку недели.