Пентагон: Следи крвава и многу грда борба

од Маја Анчевска
241 прегледи

Британското Министерство за одбрана во саботата соопшти дека руските сили гаѓале цивили, еден ден по ракетниот напад на железничка станица полна со жени, деца и постари лица, според украинските власти, во кои загинаа најмалку 52 лица.

Русија ја насочи својата офанзива, која вклучува крстосувачки ракети лансирани од нејзините поморски сили, на источниот регион Донбас, соопшти британското министерство во дневниот извештај.

Министерството очекува воздушните напади да се интензивираат на југ и на исток додека Русија се обидува да воспостави копнен мост меѓу Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и Донбас, но украинските сили го спречуваат напредокот.

Украинските власти соопштија дека гранатирањето во регионот се интензивирало во последните денови со пристигнувањето на новите руски сили.

Руските операции продолжуваат да се фокусираат на регионите Донбас, Мариупол и Миколаев, соопшти британското Министерство за одбрана.

Тие додаваат дека Русија продолжува да ги напаѓа украинските цивили и потсетуваат на вчерашниот напад на железничката станица Краматорск во источна Украина.

„Руските операции продолжуваат да се фокусираат на регионите Донбас, Мариупол и Миколаев, со поддршка на континуираното лансирање на крстосувачки ракети во Украина од страна на руските поморски сили.

Руската воздушна активност се очекува да се зголеми во јужна и источна Украина.

Сепак, амбициите на Русија да воспостави копнен коридор меѓу Крим и Донбас се уште се спречени од украинскиот отпор“, соопшти британското воено разузнавање.

Русите назначија нов генерал за војна во Украина, предупредува Пентагон: „Следи крвава и многу грда борба“.