Столтенберг: НАТО планира постојано воено присуство на своите источни граници

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за британски „Телеграф“ изјави дека НАТО работи на планови за постојано воено присуство на своите источни граници, во контекст на соочување со можна руска агресија.

НАТО е „среде фундаментална трансформација“ што ќе има „долгорочни последици“ за постапките на рускиот претседател Владимир Путин, рече Столтенберг.

„Сведоци сме на нова реалност, „ново нормално“ за европската безбедност. Затоа побаравме од нашите воени команданти да обезбедат опции за она што го нарекуваме ресетирање, долгорочно прилагодување на НАТО“, рече Столтенберг, истакнувајќи дека воените трупи во земјите-членки на Источна Европа треба да станат „средство за целосно одвраќање“.