Латино дивата Џенифер Лопез веќе извесно време е во врска со нејзиниот поранешен вереник, актерот Бен Афлек. Парот ужива во љубовта откако ја обнови врската, а сега реши повторно да стапне на лудиот камен.
Џеј Ло и Бен Афлек се запознаа во 2002 година. Со текот на времето, познанството се претвори во емотивна врска, а медиумите воодушевени од парот им го дадоа прекарот „Бенифер“. Во ноември истата година, Афлек ја запроси латино ѕвездата со дијамантски прстен дизајниран од Хари Винстон, чија вредност се проценува на 2,5 милиони долари. Меѓутоа, поради големиот притисок што го почувствувал парот, веридбата била прекината, па се разделиле.
Лопез с, со нејзините фанови споделува детали од приватниот живот, а овој пат призна дека Бен повторно ја запросил и дека таа рекла да.
Тој овојпат на Џенифер и подари зелен дијамант, а пејачката кога го здогледа заврши во солзи.