Русија уништила противвоздушни ракетни системи С-300, испорачани на Украина од европска земја, соопшти руското Министерство за одбрана.
Министерството тврди дека руските ракети „Калибар“ лансирани од море уништиле четири С-300 кои биле скриени во хангар на периферијата на градот Дwепар.
Се додава дека во нападот загинале 25 украински војници.
Во своето соопштение Русија не наведува која европска земја испорачала С-300.
Руските сили собориле и два украински авиони Су-25 во близина на градот Изум и уништиле две складишта за муниција, од кои едното е во близина на градот Миколаев на југ, соопшти руското Министерство за одбрана.