Русија: „Убиен командантот на неонацистичката група Десен сектор“

од Nikola Popovski
259 прегледи

Рускиот министер за одбрана објави дека руски командоси во Украина го убиле командантот на неонацистичката група Десен сектор Тарас Бобанич.

Официјална Москва го обвинува Бобанич за убиство на стотици цивили во источна Украина за време на конфликтот во регионот во 2014 година.

Руската армија, тврди тој, го ликвидирала Бобанич пет километри јужно од градот Изиум, во областа Харков.

Рускиот министер за одбрана не соопшти повеќе детали, но „Десен сектор“ објави на социјалните мрежи дека Бобанич навистина бил убиен во петокот во близина на Изиум, а во своите извештаи го нарекуваат „легендарен националист“.

Бобанич (33), чиј прекар е „Чекан“, потекнува од западна Украина, а станал националист за време на масовните протести и конфликти меѓу Украина и Русија во 2014 година.

Фото: Topcor.ru

Слични содржини