Вкупната трговија на Кина со Русија се зголемила за повеќе од 12 отсто во март во однос на претходната година во доларска вредност, продолжувајќи го претходниот нагорен тренд.
Вредноста на вкупниот извоз и увоз меѓу Кина и Русија минатиот месец се зголеми за 12,76 отсто на 11,67 милијарди долари, додека во првиот квартал забележа раст од 30,45 отсто на годишно ниво, покажуваат денешните податоци на кинеската царина, цитирана од Ројтерс.
Неколку недели пред рускиот напад на Украина, Москва и Пекинг најавија „партнерство без ограничувања“.