Украина е во преговори со странски партнери за финансиска поддршка од околу 8 милијарди долари, изјави денеска министерот за финансии Сергеј Марченко.
Украина веќе доби повеќе од 3,5 милијарди долари буџетска поддршка, рече Марченко, пренесува Ројтерс.
На прашањето дали Украина треба да го реструктуира надворешниот долг, тој одговори дека во моментов нема никакви проблеми со тој долг и дека повеќе од 80 отсто од обврските што ги сервисира и враќа во моментов се внатрешен долг.