Русија веќе има нуклеарно оружје во балтичкиот регион, изјави денеска литванскиот министер за одбрана Арвидас Анушаускас.
„Нуклеарното оружје отсекогаш се чувало во Калининград… меѓународната заедница, земјите во регионот, добро го знаат тоа… Тие го користат како закана“, рече Анушаускас, одговарајќи на заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, кој го предупреди НАТО дека, доколку Шведска и Финска се приклучат на Северноатлантската алијанса, Москва ќе мора да ја зајакне својата одбрана во регионот, вклучително и нуклеарното оружје.
Анушаускас за литванските медиуми изјави дека нуклеарното оружје било распоредено во Калининград, руска енклава на Црното Море, уште пред да започне рускиот напад врз Украина на 24 февруари.