Папата им ги изми и бакна нозете на 12 затвореници (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
226 прегледи

Папата Франциск денеска посети затвор во Италија по повод светата миса на која им ги изми и бакна нозете на 12 затвореници по стапките на исусовиот гест на понизност кон 12-те апостоли ноќта пред неговата смрт.

Претходниците на папата Франциск ја одржаа оваа миса во базиликата Свети Петар или во некоја друга катедрала во Рим. Откако беше избран во 2013 година, папата ја продолжи традицијата од времето кога беше надбискуп на Буенос Аирес и посетуваше затвори или домови за стари лица.

Оваа година папата Франциск отиде во затвор во пристанишниот град Чивитавекија, северозападно од Рим, на брегот на Средоземното Море.

Ватикан објави видео во кое Папата им ги мие и бакнува стапалата на 12 затвореници од различна возраст, меѓу кои и една постара жена.

„Ние свештениците треба први да им служиме на другите, а не да ги искористуваме другите. Ова е начин да се каже „Јас не осудувам никого. Се трудам да им служам на сите“, рече папата за време на мисата во затворската капела.

Тој им рекол на затворениците дека Бог ќе им суди, но дека е подготвен и да им прости.

Во претходните две години ваква церемонија во помал обем се одржуваше внатре во Ватикан поради епидемиолошките ограничувања.

Слични содржини