Британија: Ракетниот крстосувач „Москва“ беше клучен за руската морнарица

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Потонатиот ракетен крстосувач „Москва“ одигра клучна улога како руски команден брод и витален дел од системот за противвоздушна одбрана, соопшти британското Министерство за одбрана, пренесе Гардијан.

Русија призна дека потонал крстосувачот „Слава Москва“. Како водечки брод на руската Црноморска флота, „Москва“ одигра клучна улога и како команден брод и како центар за воздушна одбрана, се наведува во извештајот на Министерството, според британскиот весник.

Во извештајот се вели и дека овој брод е од советскиот период, еден од трите крстосувачи од класата „Слава“ во руската морнарица.

Слични содржини