Кина бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван

од Vladimir Zorba
154 прегледи

САД треба да ги прекинат сите официјални контакти со Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Лиџијан на брифингот посочи дека постапките на САД се спротивни на принципот „една Кина“ и принципите на трите заеднички кинеско-американски коминике.

Кинеската армија претходно објави дека извршила воени вежби околу Тајван, објави Ројтерс, повикувајќи се на кинеската државна телевизија.