Путин предупредува: Европа не може да ги замени руската нафта и гас

од Nikola Popovski
266 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа нема друга алтернатива освен да продолжи да ја користи руската енергија, предупредувајќи на „екстремно болни“ економски последици доколку континентот се обиде да ги замени резервите на нафта и гас.

„Едноставно нема разумна замена за Европа“, изјави Путин за медиумите преку видео врска од неговата резиденција во близина на Москва.

„Едноставно нема резервни количини на глобалниот пазар, а испораките од други земји, пред се од САД, кои би можеле да бидат испратени во Европа, ќе ги чинат потрошувачите многукратно повеќе“, додаде Путин, пренесува Би-би-си.

Потсетуваме дека лидерите во Европа се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија. Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги критикуваше земјите како Германија кои се против целосна забрана на руската нафта и гас поради огромната економска цена, велејќи дека имаат „крв на рацете“.

Сепак, Путин исто така призна дека има „проблеми со плаќањето на руската извозна енергија“, бидејќи банките од „непријателските земји“ го одложија трансферот на средствата.

„Како што многупати кажавме, тука најитниот проблем е нарушувањето на извозната логистика“, рече тој.

Слични содржини