Русија за прв пат употребила моќен стратешки бомбардер? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник, во петокот изјави дека Русија, за прв пат од почетокот на инвазијата, употребила стратешки бомбардери за да го нападне опколениот пристанишен град Мариупол.

Мотузјаник рече и дека во градот, кој руските сили не успеаја целосно да го окупираат, активни борби се воделе околу железарницата Илич и пристаништето.

Портпаролот рече дека Русија се фокусирала на освојување на градовите Рубижне, Попасна и Мариупол.

Во меѓувреме на социјалните мрежи беше објавено видео на кое за прв пат од почетокот на војната во Украина се гледа стратешки бомбардер ТУ-22м3 опкружен со ловци.

Објавена е и видео снимка од наводниот напад на базата Азов во Мариупол.