Село во Шпанија од солидарност го смени името во Украина

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Мирното село Фуентес де Андалузија во јужна Шпанија го промени своето име во Украина во знак на солидарност со погодените од конфликтот, кој е одалечен на повеќе од 4.000 километри.

На таблата на кружниот тек на влезот во селото, натписот Украина го замени Фуентес де Андалузија, а до него беше нацртано сино-жолто знаме, пренесе Ројтерс.

Во селото со повеќе од 7.100 жители источно од Севиља, некои улици се преименувани во Град Киев, Одеса и Мариупол.