Макрон се обидува да ги придобие левичарите со својата зелена политика

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој се кандидира за реизбор, на денешниот митинг во Марсеј ги претстави своите планови во областа на заштитата на животната средина и климата со цел да ги придобие младите да го поддржат на 24 април, во вториот круг. на претседателските избори против кандидатот на крајната десница, Марин Ле Пен.

Во првиот круг од изборите, граѓаните на Марсеј, вториот по големина град во Франција, а пред се „милениумците“ – луѓето на возраст од 20 до 40 години, предност му дадоа на тврдиот левичарски кандидат за шеф на државата, Жан-Лук Меланшон, наместо на декларираниот центрист Макрон.

Во првиот круг тој дел од граѓаните гласаа или за екстремната левица или за екстремната десница, а Макрон се надева дека може да ги придобие со акцентирање на темата заштита на животната средина, која е од посебен интерес.

За време на говорот во Марсеј, Макрон рече дека неговиот следен премиер ќе биде задолжен за „планирање на животната средина“ како дел од планот Франција да ја направи „јаглеродно неутрална“ до 2050 година.

Тој вети и повеќе јавен превоз низ целата земја за да се намали зависноста на луѓето од автомобилите.

Според конечните резултати од првиот круг на француските претседателски избори објавени од Министерството за внатрешни работи, Макрон освоил 27,85 отсто од гласовите, пред кандидатот на екстремната десница Марин Ле Пен со 23,15 гласа, а двајцата од нив одат во вториот круг.

Иако Макрон имаше повеќе гласови, тој јавно призна дека „ништо не е решено“ и дека „трката е тесна“.