Шефот на руската морнарица, адмирал Николај Евменов, се сретна со членовите на екипажот на потонатиот ракетен „крстосувач“ Москва и рече дека ќе продолжи да служи во морнарицата, пренесе агенцијата ТАСС.
Украина тврди дека ја погодила „Москва“ со противбродски ракети „Нептун“ и со тоа предизвикала потонување на командниот брод на руската Црноморска флота.
Русија продолжува да инсистира дека имало експлозија на муниција на бродот предизвикана од пожар.
САД ја поддржаа украинската верзија на приказната. Висок претставник на американското Министерство за одбрана изјави дека веруваат дека две украински ракети „Нептун“ го погодиле рускиот воен брод во Црното Море.
First footage of the rescued Moskva crew in Sevastopol. No information yet regarding casualties pic.twitter.com/OSSOVHHNg2
— Pjotr Sauer (@PjotrSauer) April 16, 2022