„Русија може да ја издржи сегашната конфронтација со Западот“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Можеме“, изјави Песков за ТВ Русија 1, одговарајќи на прашањето дали Руската Федерација може да „успее“ во конфронтацијата со западниот свет, за разлика од СССР, пренесе весникот „Известија“.
Откако Русија започна инвазија врз Украина на 24 февруари, западните земји во неколку наврати ги засилија санкциите.