Најмалку пет лица загинаа во ракетен напад врз Харков

од Берта Китинска
215 прегледи

Неколку ракети денеска го погодија центарот на градот Харков на истокот на Украина, кога најмалку пет лица загинаа, а 13 се повредени, но бројот на жртвите може да биде поголем.

Ракети погодија станбени згради, опожарени се неколку станови, а пожарникарите и станарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Официјални лица изјавија дека центарот на Харков бил гранатиран од повеќецевни ракетни фрлачи.