Бруто домашниот производ (БДП) на Кина порасна посилно од очекуваното во првиот квартал од 2022 година, и покрај влијанието на „заклучувањето“ во некои делови од земјата во март.
Стапката на економски раст во првите три месеци изнесува 4,8 отсто на годишно ниво, што е над прогнозата на аналитичарите од 4,4 отсто, покажуваат денешните податоци на Националното биро за статистика.
Инвестициите во основни средства се зголемени за 9,3 отсто во однос на претходната година.