Министерството за одбрана на Русија денеска ги објави списоците на припадниците на украинските вооружени сили кои загинаа во конфликтите во Украина.
Списоците, објавени на каналите на Телеграм на Министерството, содржат податоци за загинатите војници, вклучувајќи го датумот на раѓање, воените чинови, околностите на смртта и локацијата на погребот, пренесе ТАСС.
Руското Министерство за одбрана тврди дека има податоци за голем број припадници на украинските војници кои дезертирале, биле ранети или се водат како исчезнати.