Русија покрена кривична постапка за геноцид во Луганската Народна Република

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Руските воени истражители покренаа кривична постапка за геноцид извршен од украински војници врз жителите на градот Шастја во самопрогласената Луганска Народна Република, соопшти денеска за РИА Новости прес-службата на Истражниот комитет на Руската Федерација.

Се наведува дека руските воени истражни органи покренале постапка против лица кои учествувале во вооружениот конфликт на страната на Украина, а кои се обвинети за геноцид, односно дејствија насочени кон целосно уништување на една национална, етничка група.

Се вели дека украинската армија пукала врз станбените области на градот Шастја во неколку наврати од крајот на февруари „со цел целосно да ги уништи Русите и населението што зборува руски“.

Слични содржини