Русите освоиле град во источна Украина?

од Nikola Popovski
163 прегледи

Руските сили наводно го зазеле Кремина, украински град во источниот регион Луганск.

Шефот на регионалната воена управа на Луганск, Серхи Хајдај, на Телеграм напиша дека „градот е изгубен“.

„Во овој момент, контролата врз Кремина е изгубена“, напиша тој.

Наводно руските сили претходно влегле во градот, каде што се воделе жестоки улични борби.

Хајдај рече дека Русите пристигнале со „огромно количество опрема“, додавајќи дека евакуацијата станала невозможна.

Тој додаде дека четири лица загинале додека се обидувале да избегаат од градот со автомобил.

Русија го префрла својот фокус на источна Украина, откако не успеа да добие контрола врз северот.

Сепак, руската страна се уште не ги коментира информациите за освојување на Кремин.