Бугарскиот амбасадор во Русија Атанас Крастин утрово бил повикан во руското Министерство за надворешни работи за да му биде врачена нота со која вработените во бугарската амбасада во Москва се прогласени за персона нон грата.
Ова го соопшти руската дипломатска мисија без да го прецизира бројот на вработени.
„Мерката е одговор на одлуката донесена од бугарската страна во март годинава со неоправдана одлука за прогласување на десет дипломати од руската амбасада во Софија за персона нон грата“, се вели во соопштението на руското МНР.
Бугарското министерство за надворешни работи потврди дека се работи за 10 дипломати и вработени во нашата амбасада во Москва. Тие мора да ја напуштат територијата на Руската Федерација во рок од 72 часа.
На 8 април Русија протера двајца бугарски дипломати. Во тоа време, Москва, исто така, објави одговор на одлуката на Бугарија во март да прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата.