152
Градоначалникот на опколениот украински град Мариупол, Вадим Бојченко, во понеделникот изјави дека околу 40.000 цивили од тој град биле насилно депортирани во Русија или во украинските региони под контрола на Русија.
„За жал, морам да објавам дека од денеска жителите се насилно депортирани“, изјави Вадим Бојченко на украинската телевизија. „Проверивме преку административниот регистар дека повеќе од 40.000 луѓе се веќе депортирани“.
Ројтерс не можеше независно да го потврди тоа тврдење.
Москва претходно објави дека ја презела контролата врз Мариупол по речиси два месеци крвави борби. Сепак, Мариупол сè уште дава отпор, изјави во понеделникот претставник на американската војска.