Русите тврдат дека уништиле складиште со странско оружје кај Лвов

од Nikola Popovski
241 прегледи

Руската армија вечерва соопшти дека во близина на Лвов уништила голем магацин со странско оружје што неодамна и било доставено на Украина со ракети со висока прецизност.

„Утрово руските воздухопловни сили извршија напад со ракети „висока прецизност“ врз логистичкиот центар на украинските вооружени сили во близина на Лвов“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Според него, уништени се логистичкиот центар и голем дел од складираното странско оружје што го „испорачаа САД и европските земји во последните шест дена“.

Уништено е и складиште за муниција кај Василково во Киевската област, изјави Конашенков.

Руската војска во текот на денот уништи вкупно 16 украински воени локации, вклучително и фабрика за поправка на тактички ракети „Point-U“, неколку складишта за муниција и складиште за гориво.

Фото: Piero Cruciatti / ddp USA / Profimedia

Слични содржини