Украина: 30 отсто од инфраструктурата оштетена или уништена, штетата е 100 милијарди долари

од Nikola Popovski
130 прегледи

Украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков денеска изјави дека околу 30 отсто од инфраструктурните објекти во Украина биле оштетени или уништени во руската инвазија, а штетата изнесува 100 милијарди долари.

Кубраков проценил дека реновирањето може да се постигне за две години, користејќи замрзнати руски финансиски средства.

-Практично сите компоненти на нашата сообраќајна инфраструктура се на некој начин погодени, со различни нивоа на штета и уништување, рекол Кубраков.

Тој изјави дека повеќе од 300 мостови се оштетени или уништени и дека треба да се обноват повеќе од 8.000 километри патишта.

Започна реконструкцијата во делови од земјата вратени под контрола на украинските сили, изјавил Кубраков за Ројтерс, очекувајќи западните земји да ја поддржат обновата на Украина.