„Светска банка ја намали прогнозата за глобален раст за 2022 година за речиси цел процентен поен, од 4,1 отсто на 3,2 отсто, поради влијанието на руската инвазија на Украина“, изјави претседателот на таа меѓународна финансиска институција, Дејвид Малпас.
Малпас на прес-конференција рече дека Светската банка предлага нова 15-месечна програма за финансирање на кризи од 170 милијарди долари како одговор на дополнителните економски шокови поради војната, со околу 50 милијарди долари финансирање во следните три месеци.
Претседателот на Светска банка изјави и дека новиот извештај за глобалните економски перспективи најмногу ја намали прогнозата за раст за Европа и Централна Азија, дури за 4,1 отсто, вклучувајќи ги Украина, Русија и околните земји.