Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко апелираше до Западот да испрати повеќе оружје во Украина.
Гончаренко го наведе примерот на авганистанската армија, која доби опрема, оружје и муниција во вредност од 80 милијарди долари, додавајќи дека најновиот пакет помош од САД за Украина е вреден 800 милиони долари, пренесе Би-би-си.
„Светот треба да разбере дека се бориме со Русија, најголемата армија во континентална Европа, со земја која има многу поголем воен буџет од Украина, па ни треба повеќе оружје“, рече Гончаренко.