„Кина ќе продолжи да ја зајакнува стратешката соработка со Русија и да ги штити заедничките интереси на двете земји без оглед на промените во меѓународната ситуација“, изјави денеска кинескиот заменик-министер за надворешни работи Ле Јученг.
На средбата со рускиот амбасадор во Пекинг, Андреј Денисов, тој ја изрази подготвеноста на кинеската страна да промовира изградба на нов тип меѓународни односи заедно со Русија и, како што рече, „заедниците на единствената судбина на човештвото“, пренесува РИА Новости.