Поранешниот пратеник во украинскиот парламент од партијата „Опозициска платформа – за живот“, Илја Кива објави дека има намера да побара заштита и политички азил во Русија, пренесе ТАСС.
„Официјално изјавувам дека денес во Украина владата масовно го искоренува украинскиот народ, ги крши сите правни, морални и здраворазумски норми, врши терористички акти против цивили, физички ги отстранува непожелните, турка илјадници луѓе кои биле подложени на тортура и егзекуција во подрумите на Службата за безбедност на Украина без обвиненија и судења, отворено го тероризира населението, ослободува криминалци од затвор за да извршат воени злосторства“, вели во Телеграм поранешниот член на Врховната Рада.
Тој напиша и дека при таквиот развој на настаните мора да објави дека има намера „официјално да побара заштита и политички азил во Русија“, наведува ТАСС.