Украинските сили извршија напад врз руското село Головчино на границата меѓу Украина и Русија, тврди гувернерот на руската провинција Белгород, Вјачеслав Гладков.
Едно лице е повредено, додава Гладков.
Не е јасно за каков напад станува збор.
Руското Министерство за одбрана објави дека украинските војници и борци добиле шанса да го фрлат оружјето и мирно да се предадат, при што додаваат дека рокот е до утре на пладне.