Руски милијардер: 90 отсто од Русите се против војната

од Nikola Popovski
249 прегледи

Рускиот бизнисмен и милијардер Олег Тинков, санкциониран од британската влада, на Инстаграм проговори за руската агресија.

Тој, меѓу другото, рече дека „90 отсто од Русите се против војната“, пренесува Гардијан.

„Не гледам никаква корист од оваа луда војна. Умираат невини луѓе и војници. Генералите се будат со мамурлак и сфаќаат дека имаат посрана војска. Колку може да биде добра армијата, кога се друго во државата е извалкано со непотизам и ласкање“, додаде Тинков.

Слични содржини