Украина: Разменети се 76 заробеници со Русија, од кои 16 цивили

од Nikola Popovski
174 прегледи

Украинските власти денеска соопштија дека 76 Украинци се ослободени во нова размена на затвореници со Русија, но не наведоа колку Руси се разменети.

„Разменивме 60 војници, од кои десет офицери. Исто така 16 цивили се вратија дома“, наведе на Телеграм украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Според неа, ова е петта размена на затвореници од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.