177
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја осуди руската офанзива во источна Украина и ги повика двете страни да направат четиридневна „хуманитарна пауза“ за православниот Велигден.
„Барам четиридневна хуманитарна пауза за време на светата недела, од четврток до недела“, рече Гутереш.
Тој додаде дека примирјето ќе овозможи отворање на голем број хуманитарни коридори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот вечерта дека започнала руската офанзива на источна Украина, чиј дел е во рацете на проруските сепаратисти и каде што конфликтите се интензивираат.