Русија најави прекин на огнот околу челичарницата во Мариупол

од Nikola Popovski
191 прегледи

Русија објави прекин на огнот околу фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, јавуваат руските државни медиуми, пренесува Sky News.

Во среда ќе се одржи прекин на огнот во областа околу фабриката за челик „Азовстал“ во јужниот град Мариупол, јави државната новинска агенција РИА.

Агенцијата го цитираше руското Министерство за одбрана што го потврди овој потег.

Областа стана клучно бојно поле во јужна Украина, а се верува дека таму се стационирани останатите одбранбени сили на градот.

Извештаите велат дека се присутни и 1.000 цивили, иако руските државни медиуми во последните часови тврдеа дека околу 120 од нив избегале низ хуманитарните коридори во вторникот.

Фото: Profimedia

Слични содржини