Екстремната десница во Франција повика на обединување

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Лидерите на партијата основана од Ерик Земур, кандидат на екстремната десница, кој не успеа да стигне до вториот круг од претседателските избори во Франција, ги повикаа десничарските и екстремно десничарските политички партии да се обединат пред парламентарните избори во јуни.

Извршните потпретседатели на партијата „Реконквиста“ на Земур изјавија за весникот „Фигаро“ дека се отворени за коалициски преговори со Националната алијанса на Марин ле Пен, како и со републиканците, пренесе Ројтерс.

Тие рекоа дека се загрижени бидејќи изборите, како што велат, „играат на леви позиции“.