Доларот ја достигна највисоката вредност во однос на јенот во последните 20 години

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Доларот денеска го достигна својот највисок девизен курс во однос на јенот во последните две децении, поттикнат од одлуката на Банката на Јапонија да го зголеми купувањето на државниот долг со цел да ја одбрани својата политика на ултра ниски каматни стапки, додека претставниците на Федералните резерви најавија значително зголемување на клучните каматни стапки.

Доларот утринава скокна за 129,43 јени за прв пат од април 2002 година, по што благо падна и според последните достапни податоци се тргува по 128.615 јени, пренесе Ројтерс.

Централната банка на Јапонија повторно излезе со понуда за купување на неограничени количини јапонски државни обврзници за да се спречи растот на приносот на 10-годишните државни обврзници, кои го пробија плафонот за толеранција на раст од 0,25 отсто.

Слични содржини