Од утре во главниот град на Германија, Берлин, бегалците од Украина ќе можат да даваат изјави за наводни воени злосторства извршени за време на руската воена операција во нивната земја.
Центарот за документација „Пилецки институт“, финансиран од Полска, почнува со собирање на сведоштвата на бегалците.
„Сите сведоци на злосторствата во Украина, било да се кражби, убиства, протерување, киднапирања, бомбардирања на цивили, уништување на културни добра, се повикани да дадат изјава. Секое злосторство и секој војник кој извршил злосторство мора да биде казнет“, се вели во соопштението на „Пилецки институтот“.