Хрвати во пеколот на Мариупол: Се кријат во тунел, крадат муниција од загинати Руси

од Nikola Popovski
541 прегледи

Најмалку четворица Хрвати – еден Далматинец и тројца Славонци се меѓу неколкуте стотици украински маринци и членови на баталјонот Азов, кои со денови одбиваат жестоки напади на руската армија и чеченските сили на челичниот комплекс Азовстал во Мариупол.

Тие се борат на страната на Азовскиот полк во Мариупол, а според соговорникот на „Слободна Далмација“, поранешен професионален хрватски војник и припадник на специјалните сили, кој последен пат ги контактирал пред три дена, „дошло до блокада на сите вести и дека ситуацијата е не е добра…“

Страшен масакр

„Пред три дена ми се јави нашиот Тони од Далмација, тој е командант во Азов. Ми напиша дека тој и тројца наши луѓе се во тунелите Азовстал и дека останале на минимална муниција, да грабнат од мртвите Руси за да имаат со што да се борат. Оттогаш не слушнав ниту збор од нив, се плашам од сценариото Овчара“, изјави во средата соговорникот на Слободна Далмација, алудирајќи на тоа дека во Мариупол може да се случи страшен масакр.

„Тони и Славоците се во Мариупол, се плашам дека нема да помине добро затоа што кон нив се насочени кадировците (чеченските борци кои се борат за Русите под водство на Рамзан Кадиров), како и оние од ГРУ (воено разузнавање на Руската федерација) .Тој рече дека има многу цивили во тунелите, а немаат ниту храна ниту вода…“, изјавил соговорникот за хрватскиот медиум.

„Остатокот од нашиот тим е околу Киев и Донбас, барем не се во околината… Не разбирам зошто овие Азовци се лути на Владимир Зеленски, еве немам контакт со нив неколку дена. Мислам на нашите“, вели поранешниот воен специјалец.

Може само да се шпекулира за причината за можниот гнев на членовите на Азов кон украинскиот претседател.

Последен апел

Во средата беше објавена видео-порака од војникот Серхиј Волин, командант на украинските маринци во Азовстал, кој рече дека е можно на бранителите да им остануваат „само денови или часови“.

„Ова е нашиот апел до светот. Ова е можеби нашиот последен апел. Можеби ни остануваат последните денови или часови. Непријателските сили се десет пати побројни од нашите. Тие имаат доминација во воздухот, оружјето и хуманоста… Го прашуваме светот службени лица да ни помогнат. Ве молиме применете ја процедурата за „извлекување“ за нас и доведете не на територијата на трета земја“, изјавил Волин, нагласувајќи дека воениот гарнизон Мариупол штити повеќе од 500 ранети војници и стотици цивили, меѓу кои и жени и деца.

Утрово рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопшти дека Мариупол паднал. Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе за успехот и објави дека се откажал од нападот на фабриката за челик во Азовстал, но и издал наредба „ниту мува да не прелета“.

Слични содржини