ПЕТ ЕВРА ЗА ЛИТАР МАСЛО ВО ГЕРМАНИЈА: Трговците не го продаваат поради превисоката цена

од Nikola Popovski
268 прегледи

ЛИТАР сончогледово масло во Германија чини и до пет евра, а една продавница одлучила повеќе да не го продава поради високата цена.

Филијалата на трговскиот синџир „Едека“ во Тренделбург (Северен Хесен) повеќе не сака да продава масло по вакви цени, а веќе истакнале натписи на кои пишува дека не продаваат.

– Не очекувавме ситуацијата да се развие во насока во која се разви. Ставивме знак на рафтовите за масло со објаснување зошто повеќе не продаваме. Сончогледовото масло нема да го продаваме за 4,99 евра за литар. Ние се оградуваме од овие цени. Има граници, изјавила менаџерката на продавницата Ања Милер за германски RTL, додавајќи дека муштериите позитивно реагирале на нивниот потег.

– Маслото е апсолутна намирница и не смееме да ја продаваме во слободна продажба по толку високи цени. Има дури и луѓе кои го продаваат на „E-bay“. Јас само сакам да си ја работам секојдневната работа без црниот пазар. Совеста не ни дозволува да продаваме масло по толку високи цени, вели таа.

Милер открила дека има уште една причина за бојкот на високата цена на маслото.

– Да знаевте што мораат да слушаат моите вработени на благајните. Некои муштерии ги обвинуваат вработените дека се збогатуваат поради изнудувачките цени или уживаат сами во евтиното масло. Тоа е целосно неправедно и неоправдано, изјавила Ана Милер, пренесува „Сибиз“.