Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека во Европската унија се уште не се разговара за ембаргото за увоз на руска енергија.
„Тоа прашање (целосно ембарго за рускиот гас и нафта) може да се стави на маса, но за тоа во моментов не се разговара“, рече Макрон во интервју за „Кориере дела сера“, цитирано од ТАСС.
Нафтата и горивото веќе се погодени од ембаргото, а гасот не, потсети тој и додаде дека „се знае до какви тешкотии може да доведе тоа“.