Австралија со санкции за 147 руски државјани, меѓу нив и ќерката на Лавров

од Vladimir Zorba
292 прегледи

Австралиската влада воведе санкции против 147 руски државјани поради ситуацијата во Украина, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Австралија.

Санкциите се однесуваат на 144 членови на Советот на Руската Федерација, пренесе ТАСС.

Како што се наведува, меѓу лицата опфатени со санкциите е и Екатерина Винокурова, ќерката на рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров.

Слични содржини