Украинскиот амбасадор во Австрија, Васил Химинец смета дека иднината на неговата земја е во НАТО.
„Неутралноста очигледно не е опција за Украина“, рече Химинец во интервју за виенскиот дневен весник „Преса“.
Тој критикуваше дека и оние што го „разбираат“ Владимир Путин во Австрија и Германија, сакаат да ја убедат Украина дека не треба да влезе во Алијансата, бидејќи тоа ќе ја испровоцира Русија.