354
Најавите за ново задолжување од владата ќе ја фрли Македонија на колена. За само две години Владата на СДСМ и ДУИ не задолжи со нови 1,6 милијарди евра, а со новото повисоко задолжување оваа година кое го планираат со ребалансот на буџетот, новиот долг за само три години ќе биде 2,3 милијарди евра и ќе достигне историски ВРВ од 7,9 милијарди евра, вели денеска Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Со вакво темпо на задолжување, според неа, вкупното задолжување коешто го направи оваа влада за период од 6 години го надмина 10 годишното задолжување на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
– Само за споредба 3,2 милијарди евра за 6 години, наспроти 2,9 милијарди евра за 10 години, вели таа.