Силен земјотрес повторно ја погоди БиХ

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина утрово околу 6.30 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри источно од Столац. Според EMSC, првичната проценка на јачината на земјотресот била 5,5 степени, но потоа бројот се намалил.

Се почувствува во цела Херцеговина, но и во Сараево, како и во соседна Хрватска.

Земјотресот разбуди многу граѓани. Тие изјавија дека земјотресот бил силен, но дека траел пократко од оној што се случи во петокот вечерта.

Ова е трет ден како се тресе тлото во БиХ. Првите земјотреси се забележани во саботата вечерта, кога најсилниот од 5,6 степени по Рихтер го погоди Столац.

Тогаш животот го загуби една девојка, поради што денешниот ден е прогласен за Ден на жалост.

Слични содржини