Instagram се повеќе изгледа на платформа за е-трговија

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Сега секој на Instagram може да означува производи во своите објави.

Исто како што досега означувавме други сметки, сега можеме да ги означиме сите производи на Instagram. Функцијата за означување на производи досега беше резервирана за деловни сметки и сметки на креатори, но сега е достапна за сите корисници на Instagram со јавни сметки.

За да го означите производот што го сакате, прво означете го брендот. Потоа изберете ја опцијата „Нов производ“. Допрете фотографија и побарајте производ врз основа на описот. Кога означувате производ во вашата објава, луѓето ја допираат ознаката и ги разгледуваат деталите за производот и можат веднаш да го купат. Instagram објави дека развива нови начини за корисниците да означуваат производи во „приказните“.

Instagram станува се повеќе и повеќе е-пазар. Од нас се очекува да ги „тагнуваме“ пријателите и потоа да означиме колку што чини тоа што го носиме. Колку овој тип на комуникација е интересен и корисен? Дали оваа функција навистина може да биде крај на мрежата Instagram, која станува премногу агресивна кога станува збор за купување?
Се поставува и прашањето колку новата функција ќе влијае на натамошното ширење на анксиозноста?

Слични содржини